Реформите на УЈП ги исплашија пензионерите. Ќе треба ли на стари години да учат компјутери

0
100

Реформите на УЈП ги исплашија пензионерите. Ќе треба ли  на стари години ќе треба да учат компјутери. Ова е нивната првична реакција откако вчера беше соопштено дека сите кои примаат каков и да е приход, ќе мора да пополнат електронска пријава и да се регоистрираат во системот на УЈП:

„Баба тоа не знае. Ниту имаме интернет ниту знаеме што да правим, а освен пензија , па немаме и други приходи“, велат  анкетирани пензионери од Штип.

Од УЈП денес смируваат. Анмерата не им е да ги испратат пензионерите на курс за компјутери, туку да ја поедностават постапката за Годишна даночна пријава:

„Новиот модел на пријавување данок тоа го овозможува. Граѓанинот е ослободен од пополнување на ГДП, тоа ќе биде работа на УЈП. Ако досега УЈП ги контролираше годишните даночни пријави, отсега граѓаните ќе ја контролираат УЈП. Граѓаните ќе бидат тие кои ќе ја потврдат или поправат пријавата која ќе им ја испрати УЈП“, рече Сања Лукаревска, дир. на УЈП

Ова сепак не го намалува стравот кај пензионерите кои се соочуваат со технологија која за повеќето од нив е нова и непозната:

„Доколку лицето нема интернет предвидени се варијани каде што лицето може да овласти друго лице во негово име да ја потврди или корегира годишната даночна пријава“, рече Ивана Дончевска, раководител на секторот за регистрација и утврдување на данок.

Но што со оние кои нема или не знаат да се регистрираат. Дали се соочуваат со парични казни:

„Не, конечна цел е да спроведеме успешна реформа која ја користат другите даночни администрации во поразвиени земји. Нашата цел е да стапиме во непосреден конткат со сите лица и никој да не биде изземен, кажа Лукаревска.

До крајот на годината податоци треба да испратат сите граѓани кои оствариле приход од редовни месечни примања, плата или пензија, но се пријавуваат и дополнителните заработки од капитални добивки, продажба на недвижен имот договори на дело, работа на интернет и слично.

Регистрацијата е на системот е-персонален данок, а потоа барањето за регистрација треба да се поднесе на шалтерите на Управата за јавни приходи. Регистрацијата граѓаните ќе мора да ја направат само еднаш, а не како досега секоја година сами да ги поднесуваат пријавите.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here