Романија: Истрага дали полицијата ги пречекорила овластувањата при демонстрациите !

Стотици луѓе беа повредени во полициската операција против антивладините демонстранти минатата недела во Букурешт. Тоа може да има последици за одговорните.

0
97

„Досега примивме околу 30 жалби и моите колеги разговараат со сите што се повредени.Сите кои се осомничени за кршење на законот треба да бидат сослушани”, рече одговорниот романски јавен обвинител Јонел Корбу.

Исто така, треба да бидат евалуирани полициските документи и видеата на безбедносните сили, медиумите и демонстрантите направени на лице место.

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис повика одговорните за насилството да бидат „идентификувани и брзо казнети“. Тој повторно ги критикуваше насилството и бруталните дејствувања на полицијата против демонстрантите. Да се напаѓаат недолжни луѓе, новинари, жени и деца е незамисливо во една земја членка на ЕУ, потенцираше Јоханис.

Минатиот петок, полицијата со солзавец и водени топови го растури големиот протестен собир во главниот град Букурешт, на кој учествуваа околу 80.000 луѓе. Имаше повеќе од 450 повредени лица. Полицијата ја опиша својата операција како „разумен“ одговор кон насилните демонстранти кои фрлаа со камења и шишиња кон безбедносните сили.

И во саботата, неделата и понеделникот, илјадници луѓе излегоа на улиците за да протестираат против владата. Владејачките социјалдемократи предводени од партискиот лидер Ливиу Драгнеа сакаат да ги олеснат антикорупциските закони и да го го реконструираат правосудниот систем. Критичарите ја обвинуваат владата дека со тоа ја отвора вратата за уште поголема корупција во Романија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here