Романскиот премиер казнет со 500 евра, бидејќи пушел во кабинетот и не носел маска !

90

Романскиот премиер, Лудовик Орбан, и четворица министри морале да платат казна поради непочитување на корона-мерките.

Тие платиле казна затоа што не носеле заштитни маски на роденденската забава на премиерот во неговиот кабинет, пишува романската агенција „Медиафакс“.

Фотографијата од роденденската прослава стигнала до јавноста поради што Орбан морал да плати 2.500 леи (околу 500 евра), затоа што не носел заштитна маска и пушел во својот кабинет.

Казна во ист износ треба да плати и шефот на романската дипломатија, Богдан Ауреску, кој исто така пушел.