Русија: Бивш шеф на затвор се самоубил, откако бил осуден на три години затвор !

615

Поранешен шеф во руски затвор се самоубил во московскиот суд, откако бил осуден на три години затвор, јавуваат руските медиуми.776

Виктор Свиридов, кој порано бил шеф на Секторот за сообраќај на Сојузната затворска служба, бил осуден за изнудување 10 милиони рубли од поранешен заменик-директор.

Свиридов си пукал во главата само неколку моменти откако судијата наредил да оди во притвор. Портпаролката на судот изјави за локален весник дека пиштолот најверојатно самиот го донел во судницата.

Полицијата е на местото на настанот и руските власти најавија истрага за безбедноста на судот, јавува Би-Би-Си.Свиридов, наводно, имал терминален карцином во четврта фаза. Пред судењето, тој бил во домашен притвор.