Русија: Здравствените власти предупредуваат дека оздравено лице може уште месец и пол да го шири вирусот Корона !

175

Шефицата на руската Федерална служба за надзор на заштитата на правата на потрошувачите и благосостојбата на населението, Ана Попова, изјавила дека луѓето кои закрепнале од Ковид-19 во своето опкружување можат да го шират коронавирусот до месец и пол од оздравувањето.

„Според нашите гледишта, тој период трае до 48 дена додека набљудувањата во странство укажуваат на период од речиси 90 дена“, рекла Попова.

Закрепнатото асимптоматско лице кое добро се чувствува и чии резултати од тест на крвта и сите други фактори се одлични, вирусот и понатаму може да го прошири низ назалниот пат, истакнала Попова.