Русија ја спасува Белорусија со кредит од 1,5 милијарди долари !

95

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ одобри заем на Белорусија од 1,5 милијарди долари во знак на поддршка за лидерот Александар Лукашенко, кој се соочува со најголемиот притисок во своето 26-годишно владеење.

Ден по уште едни масовни протести во Минск на кои што се бараше повлекување на Лукашенко, кој се обвинува дека ги лажирал последните претседателски избори, тој отпатува за Русија и се сретна со Путин во Сочи.

„Сакам да ви се заблагодарам на вас и на сите Руси што ни давате поддршка во ова постизборно време. Вашиот пријател е во неволја и отворено го кажувам тоа“, кажа Лукашенко.

Путин откри малку детали за заемот, кој бил договорен при неодамнешната посета на рускиот премиер Мишустин на Минск. Рускиот лидер ветил дека поддршката ќе продолжи и на други полиња, па така и на одбранбен план. Следната година ќе има месечни руско-белоруски воени вежби. Лукашенко претходно јавно го повика Путин воено да интервенира во Белорусија, но тој го одби тоа.