Русија: 18 лица повредени откако авион излетал од писта во олимписко Сочи !

0
84

Најмалку 18 луѓе се повредени откако авион синоќа излета од пистата и делумно се запали на аеродромот во Сочи, соопшти руското Министерство за здраство.

Боинг 737 со 164 патници и шест членови на екипажот леташе од Москва за Сочи.Меѓу повредените има и три деца.Авионот излета од пистата при слетување, ја проби заштитната ограда и заврши на брегот на реката во близина. Потоа се запали тркалото и крилото на авионот, како и левиот мотор.

Поради инциднетот денеска се одложеби 20-тина летови од аеродромот во Сочи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here