САД: Бивша келнерка стана најмлада членка на Конгресот !

0
42

Демократката Александрија Окасио-Кортес стана најмладата американска конгресменка во историјата. Таа има само 29 години, порасна во Њујорк, а нејзиното семејство е од Порторико.

Таа израснала во Бронкс, а пред својата политичка кариера работела како мајстор за коктели во угостителски објект за да му помогне на своето семејство. Дипломирала економски и меѓународни односи на Универзитетот во Бостон.

Се очекува младата демократка да биде гласот на милениумците во Конгресот на САД. На 26 јули Александрија во предизборите го победи својот противкандидат од Демократската партија, сенаторот Џозеф Кроули, со речиси 20-годишен мандат.

Како што се очекуваше, со оглед на тоа што 14-тиот округ во Њујорк е, секако, син округ, каде што кандидатот на републиканците нема шанси да победи, Александрија успеа да влезе во Конгресот на САД по својата прва кандидатура во животот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here