САД: Бившиот НБА кошаркар Марбери, купува заштитни маски од Кина за да ги донира во Њујорк !

153

Поранешната sвезда во НБА лигата, Стефон Марбери, постигна договор со еден кинески производител на маски, да купи 10 милиони маски по разумна цена за градот Њујорк, кој е жариште на пандемијата на коронавирус во САД.

Договорот со Марбери треба да обезбеди маски за безбедносните работници и персоналот на градските болници, мобилизирани за борба против пандемијата што досега зарази над 121.000 луѓе во САД,од кои повеќе од половината во Њујорк. Таму, како и на други места во светот, лекарите и здравствените работници се соочуваат со недостиг на опрема.

„Знам колку е важно да имате маски во овој период“, рече Марбери, додавајќи дека тој купил заштитни маски по разумна цена.

Според „Њујорк пост“, цената на секоја маска ќе изнесува 2,75 долари, а два милиони маски треба да пристигнуваат неделно за период од пет недели. Сегашната цена на ваквите маски во Њујорк е помеѓу седум и осум долари.