Home Балкан САД ги повлекуваат милионските проекти за Косово, додека не ги укинат царините...

САД ги повлекуваат милионските проекти за Косово, додека не ги укинат царините за Србија !

Косовскиот државен радиодифузен сервис РТК тврди дека Соединетите Американски Држави одлучиле да ги одложат сите значајни инвестициски проекти во Косово, се додека косовската влада не донесе одлука за укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина.

Повикувајќи се на свој неидентификуван извор, РТК објави дека специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп и амбасадор на САД во Берлин, Ричард Гренел денеска имал „остра комуникација со косовскиот премиер Албин Курти и претседателката на Собранието на Косово Вјоса Османи, на кои јасно им дал до знаење дека САД се подготвени за милионски инвестиции во Косово доколку се укине таксата“.

Новиот косовски премиер Курти и неговиот коалиционен партнер, Демократскиот сојуз на Косово, најавија дека ќе ја укинат таксата на српскиот увоз, доколку Белград престане со агресивната кампања против косовската држава и наместо тоа ќе воспостават „целосен економски, трговски и политички реципроцитет кон Србија“.

– Сепак, САД ќе ги одложат сите тие проекти се додека Влдата не ја укине таксата и не се откаже од воведувањето реципроцитет, тврди РТК, повикувајќи се на својот анонимен извор.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

За пет месеци од обичен грип, во САД починале 16.000 лица а заразени се над 29 милиона !

Најмалку 105 деца починаа од грип во оваа сезона, покажуваат податоците објавени од страна на американскиот Центар за контрола и ...

ВИДЕО: Илјадници маршираа во Лондон за слобода на Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“ !

Илјадници луѓе во Лондон, маршираа за ослободување на Џулијан Асанж. Тие протестираа за да извршат притисок врз британската влада да одбие...

ФОТО/ВИДЕО: Први снимки од новиот костим на Бетмен, додека се снимаше во Глазгов !

Бетмен се спушти во Глазгов со целосен оклоп во црно додека во саботата снимаа сцени со брза бркање на мотор.

„Пријатели“ се враќаат на телевизија – Секој од актерите побогат за 3 милиони евра !

НBO Max ги обезбедил правата за серијата за 425. милиони доалри. Глумците ќе учествуават и во продукцијата на епизодите, а секој од...