САД обвинуваат дека четворица кинески хакери украле податоци за 174 милиона американци од кредитна агенција !

216

Соединетите држави обвинија четворица кинески воени хакери за напад врз кредитната агенција „Еквифакс“, со што се загрозени податоците на околу 147 милиони Американци, соопшти американскиот јавен обвинител.

Тоа е една од најголемите кражби на податоци во историјата“, рече Вилијам Бар, осврнувајќи се на хакерскиот напад што се случи во 2017 година.Обвинети се четворица припадници на Народноослободителната армија на Кина, додаде тој.

Нападот им се заканува на податоците на скоро 147 милиони луѓе, претежно Американци, вклучувајќи ги и нивните броеви на социјално осигурување и возачките дозволи.Во операцијата, спроведена во мај и јуни 2017 година, учествуваа и хакери од Канада и Велика Британија.

Хакерите поминале неколку недели во системот Equifax. Тие ги пробиле компјутерските мрежи и украле класифицирани деловни и лични информации, изјави Бар.Над 34 сервери во скоро 20 земји работеле за да ја покријат нивната вистинска локација.Кинеската амбасада во Вашингтон сè уште не го коментирала ова обвинение.

Equifax има податоци за повеќе од 820 милиони корисници и 91 милиони деловни субјекти.