Home Популарно САД: Флорида ги затвора плажите заради голем наплив на луѓе !

САД: Флорида ги затвора плажите заради голем наплив на луѓе !

Повеќе плажи во американската сојузна држава Флорида ќе бидат повторно затворени за да не се собираат голем број луѓе и да се спречи натамошно ширење на коронавирусот.

Забраната е за време на одбележувањето на американскиот национален празник – Денот на независноста, на 4 јули.

Гувернерот на оваа сојузна држава Рон Де Сантис рече дека собирите на млади доведуваат до зголемување на бројот на пациенти.

Најавена е и забрана за служење алкохол во баровите поради тоа што гостите не ги почитуваат мерките за заштита. Веќе се затворени неколку ресторани затоа што не го почитувале ограничувањето на бројот на гости и обврската да носат маски.На Флорида вчера се потврдени 9 585 нови случаи на зараза со ковид-19, што е најголем дневен пораст во оваа држава од почетокот на пандемијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Србите нема каде да одат на одмор…Грција од утре ги затвора границите за нив !

Грција од утре во 6 часот наутро ги затвора границите за државјаните на Србија, потврди за Н1, српскиот министер Расим Љаиќ. Одлуката...

Белград и Приштина сепак разговарале за размена на територии !

Поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон тврди дека уште во 2018 година една од работите за кои зборувале Белград и...

Уролог од Тетово починал од компликации од Ковид – 19 во скопска болница !

Од компликации од коронавирус во Градската општа болница „8 Септември“ почина 64-годишниот доктор Арификмет Деари, уролог од Тетово. Министерот за...

ВИДЕО: Колумбо е виновен што ја откри Америка…урната уште една статуа на морепловецот во Балтимор !

Демонстрантите во Балтимор ја соборија статуата на Кристофер Колумбос во текот на ноќта и ја фрлија во Атлантскиот океан. Снимките објавени...

Германија: По жестоките критики, канцеларката Меркел почна да носи заштитна маска !

Германската канцеларка Ангела Меркел започна да носи заштитна маска во јавноста, откако таа беше мета на критики поради тоа што не...