САД ќе се спремаат за „Војна на ѕвездите“ – До 2020 година ќе формираат веселенски сили ?!

0
58

Американскиот потпретседател Мајк Пенс најави дека е во тек формирање на нов род на американската војска – „вселенски сили“ кои ќе бидат функционални до 2020 година. Тој смета дека е неопходно Америка да обезбеди доминација во вселената, поради зголемената конкуренција и зголемените закани од Кина и Русија.

„Дојде часот да основаме американски вселенски сили. Време е да се испиши ново поглавје во историјата на нашите вооружени сили, за подготовка на следното бојно поле каде што ќе бидат повикани најдобрите и најхрабрите Американци за да го спречат и победат новиот бран закани за нашиот народ и нашата нација“, порача Пенс во Пентагон.

Овие вселенски сили треба да станат шести род на вооружените сили, покрај копнената војска, американската воздухопловна флота, американската морнарица, маринците и крајбрежната стража.

По се изгледа, американците многу гледаат филмови !

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here