Санација на колекторската цевка во Ново Село до Водици

547

Итна санација на колекторската цевка во Ново Село до празникот Водици, им вети градоначалникот Бочварски на штипјани:
„ Опцијата со која сакаме да ја извршиме санацијата на колекторската цевка на мостот кај Ново Село е од времен карактер. Ова ќе е добро решение за граѓаните во Ново Село, особено за во летниот период кога од оштетената цевка се ширеше непријатна миризба. Тоа сега ќе го нема“, истакна градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.