„Саса“ најбезбеден и најсовремен рудник на Балканот

0
94

Рудникот за олово и цинк „Саса“ ги применува најсовремените индустриски практики и стандарди за управување, за заштита на здравјето и безбедноста при работа, за заштита на животната средина, како и за лабораториски испитувања. Воедно, „Саса“ е првиот рудник во земјата кој поседува А-интегрирана еколошка дозвола.

Ова беше констатирано денес, при посетата на рудникот на заменик министерот за животна средина Јани Макардули, заедно со службеници од министерството, од Управата за животна средина и градоначалничката Соња Стаменкова.

Целта на посетата беше менаџерскиот тим предводен од генералнот директор Олег Телној, да ги запознае гостите со сите клучни аспекти од работата и развојот на рудникот. Беа презентирани технолошкиот процес, вложувањата во современа рударска опрема, структурата на вработените и грижата за нивната благосостојба, kjøpe parajumpers jackets како и поддршката која рудникот ја обезбедува за поддршка на локалната заедница, како општествено – одговорна компанија.

Посебен акцент беше ставено на вложувањата и активностите на рудникот поврзани со грижата за здравјето и безбедноста при работа, како и заштитата на животната средина како исклучително важни сегменти во „САСА“.

https://youtu.be/PpbQNrxMrbg

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here