Светска банка предупредува дека јавниот долг на Македонија се ближи кон 50% од БДП !

0
135

Светска банка апелира државата да го заузда јавниот долг, што според нив до крајот на годинава ќе го достигне прагот од 50% од БДП. Според економскиот извештај за Македонија, Светска банка очекува земјава да ја заврши годината со раст на БДП од 2,5%, наспроти проекциите на Владата за економски раст од 3,2%.

Во врска со слабата реализација на капиталните инвестиции и најавеното релоцирање на неискористените буџетски пари, Светска банка советува во иднина да се зајакне управувањето со јавните инвестиции.

Со прераспределба на неискористените средства за проекти што не се отпочнати, тешко дека ќе може значајно да се зголеми процентот на искористеност на капиталните инвестиции во последниот квартал од годината.

Светска банка очекува дека политичката неизвесност во земјава бргу ќе заврши, со што нема негативно да влијае на реформскиот процес и нема да го забави економскиот раст.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here