СДСМ повикува на Марш ЗА европска Македонија

0
117

Граѓанска должност е да се учествува во градењето на македонската иднина преку гласање на референдум. без нашиот глас Македонија немаше да биде самостојна, независна и суверена држава. Без нашиот глас Мекоедонија не може да стане дел од ЕУ и НАТО, порача на прес СДСМ повикувајќи на Марш ЗА европска Македонија:

„Референдумот е облик на непосредно изјаснување на граѓаните во одлучувањето. Секој ваш глас е важен и потребен за да се обезбеди сигурна иднина на Македонија. Важно е сите да се вклучиме во новата историска одлука која е пред нас, бидејќи таа одлука ќе го исцрта вашиот животен пат. Секој да се охрабри. Од нас зависи иднината. Само со индивидуален граѓански ангажман и со заедничка идеја за billig canada goose jakke македонската иднина во ЕУ и НАТО може да успееме. Граѓаните на Штип ќе излезат на референдум и ќе ја дадат својата поддршка за напредна и просперитетна Македонија – интегрирана во ЕУ и НАТО. Ја користам оваа прилика за да ги поканам граѓаните на Штип на големиот Марш ЗА Европска Македонија. Во недела, на 16 септември, излегуваме сите заедно – маршираме ЗА Европска Македонија! Обединети со една заедничка цел за подобро утре.  Тргнуваме во 10:00 часот од повеќе локации во градот.Почитувани сограѓани, Придружете ни се во маршот за светла иднина и во носењето одлука за подобар живот. Време е за нова правилна одлука, време е да излеземе ЗА европска Македонија“, кажа Тони Атанасов, секретар на СДСМ – Штип.

https://www.youtube.com/watch?v=NnzBvrqXCG0&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here