Секој трет штипјанец летово се капе на сонце. Монтажата на соларни колектори во пораст

0
61

Над 30 отсто од штипските домаќинства ја користат сончевата енергија. Ставката од буџетот за потрошена енергија да е помал е императив за се поголемиот интерес на штипјани и бизнис секторот во, побарувачка на  таканаречените термални и фотоволтајични колектори. Фактот дека интересот за нивна набавка е 40 отсто повисок во однос на останатиот дел од годината,  е доволен аргумент за себе, тврди за ТВ Стар, Зоран Трајков сопственик на Еко Солар.

  • Неделно се монтираат и по неколку соларни панели. Ова е повеќе од аргумент дека овој период интересот за набавка на вакви системи кај граганите е голем, тврди Зоран Трајков – Еко Солар – Штип

При изборот што да се купи, најчесто,а, согласно длабочината на џебот, граганите се решаваат за набавка на термалните соларни колектори. Нивната пристапна цена засега е главен адут.

  • Фотоволтаичните сончеви колектори засега се монтираат на викендции и вили, но и во бизнис секторот, но очекуваме од септември и октомври и за овој вид на системи кај граѓаните интересот да порасне, изјави Трајков.

Паралелно со државните субвенции, што овозможуваат полесен начин за набавка на ваква опрема за користење на обвновливите извори на енергија, вклучени се и банките .

  • Со грантови во висина од 20 отсто од куповната цена, обезбедуваат и банките. Се купуваа системи изработени согласно сторгите и високовалитетни европски и светски стандарди. Затоа, купувачите со овие бенефиции ќе имаат квалитетен соларен систем во својот дом, нагласи Трајков.

Заштедата од над 70 проценти во  потрошувачката на електричната енергија е повеке од стимул, на штипските кровови се почесто да се гледаат монтираните соларни панели. За неполни две децении, искористување на обновливите извори на енергија ќе го достигне очекуваниот стоотстотен процент. Ова значи дека, сонцето ќе биде повеќе од главен фактор за нормален живот со пристојни трошоци, тврдат експертите за ТВ Стар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here