Се бараат одговори од Димова: „Тренирање магариња“, „Гостопримство на Кипар“, пари за „Фризерница“ и набавка на возила за 90.000 евра ја тресат Агенцијата за европски образовни програми !

184

По информацијата дека 270 илјади евра ѝ биле дадени на фризерница за спроведување проект со пари од Европската Унија преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на социјалните мрежи се појавија и наводи за други проекти што добиле пари.

На Твитер објави дел од проектите какви што се „тренирање хрватско магаре и хрватски липицанер“ за кој училиште во земјава добило 83.000 евра и уште еден за „гостопримството на Кипар“ за кој исто така училиште добило 54.000 евра.

По скандалозните пишувања, се огласи и Премиерот Зоран Заев кој побара органите детално да ги испитаат сите сите наводи за доделувањето на средства за овие проекти како и за набавката на автомобилите.

Освен ова, на твитер се објавени документи со кои се покажува дека Димова во 2108 година набавила два луксузни автомобила во вредност од речиси 90 илјади евра.

Имено, Димова во 2018 година за потребите на агенцијата набавила два нови автомобили од марката „фолксваген пасат“ и „фолсвакен тигуан“во вредност од 45.327 евра, односно 43.576 евра, со што вкупната сума на истите достигнува 88.903 евра.