Се бара помош за операција на 10 годишно дете од Штип

0
5718

10-годишно дете од Штип, мора итно да се оперира на Детска хирургија во Скопје. Пред две недели, на него му била дијагностицирана циста на црниот дроб, со големина од 3 сантиметри, која итно треба да биде отстранета :

„Детето не смее да седи дома. Лекарот ми укажа дека треба да се носи за Скопје и итно да биде оперирано. Колку што седи дома, толку е поопасно. Детето често повраќа, цело време е под стрес“, објасни Хондо Асанов, татко на детето.

Но, семејството на болното дете не е во можност да ја плати ниту операцијата, ниту болничките трошоци. Поради ова, бара помош од хуманите граѓани, но и од институциите :

„Пуштив барање и до градоначалникот Бочварски за еднократка парична помош. Таму треба да платиме болница, потоа треба да купиме лекови и слично“, дополни Асанов.

Колку средства се потребни за операцијата и постопертивниот третман, Асанови сеуште не знаат, но секој денар е добредојден за малиот Зендел да се излечи.

Први во пресрет на Асанов му излегле од Исламската верска заедница, а помош детето ќе добие и од општина Штип :

„По добиеното барање од страна на жител на општина Штип, до Општина Штип за финансиска помош, согласно правилникот за распределба на финансиски средства на лица кои бараат помош за лекување, Општина Штип во најкраток можен период ќе донесе одлука и ќе му излезе во пресрет на граѓанинот“.

Инаку, Асанови се осумчлено семејство кое живее во старото нервно одделение во Штип. Двајцата родители се невработени, а не земаат ниту социјална помош.

f

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here