Се враќа филмската проекција во Македонска Каменица

0
86

По пауза од 13 години синоќа во Македонска Каменица повторно беше прикажан филм во новата кино сала во градот. Љубителите на филмската уметност имаа можност да го видат филмот „Исцелител“, еден од најуспешните остварувања во поновата македонска филмска историја

„Идејата на мене како директор е да ја оживееме филмската продукција и прикажувањето на филм. Се радувам што еве на првата проекција има заинтересираност од каменичани и граѓаните од околните места. Се надевам дека ќе продолжиме да ја реализираме идејата за прикажување на филмови два до три пати во месецот со тоа што ќе понудиме добра филмска понуда која ќе ги привлече посетителите во нашата кино сала, рече Горан Огнановски, дир. на КИЦ Романска – М.Каменица.

Културните активности во Македонска Каменица продолжуваат и во делот на театарската уметност

„На 25 септември 2018 година. исто така во кино салата во Македонска Каменица ќе биде прикажана комедијата „Вдовицата се мажи“, театарска претстава во изведба на театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес“, рече Огнановски.halpa canada goose takki

Од КУЦ Романса најавија подготовка на две детски театарски претстави, како дел од редовние активности за збогатување на програмата.

https://www.youtube.com/watch?v=2ruCDCYpnEk&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here