Се конзервира свети Илија или Хусамедин пашината Џамија

0
614

По пет века од изградбата, стартуваа конзерваторските истражувања на споменикот на културата, познатата Хусамедин пашина џамија или црквата Свети Илија во центарот на Штип. Експретски тим на Заводот Музеј од Штип, на неколку локации околу и внатре во објектот вршат првични ископувања со цел да се утврди, моменталната состојба на статиката на објектот.

„Во моментов се изведуваат конзерваторски истражувања, за да се види статиката на овој објект, за потоа да се направат гео механички истражувања и на крајот проектот ќе финализира со зачувување на објектот во изворна форма. Бидејќи објектот е прогласен за споменик на културата со заштита од втор степен“, објасни м-р Митко Штерјов – директор на заводе Музеј Штип.

Директорот Штерјов ги демистифицира приказните дека во објектот има скриено богатство.

„За жал објектот во последнјите години, согласно овие приказни за наводно скриено богатство беше мета на нелегални ископувања во неговата внатрешност. Тоа е документирано од наша страна. Слободно твртдам дека ова е само сакрален објект под заштита на државата и нема никакво скриено богатство во и под неговите темели“, дециден е Штерјов.

Хусамедин пашината џамија или Свети Илија, е меѓу единствените сакрални објекти во Македонија што важи за исклучително  култно место за верниците од христијанската и исламска вероисповест. Факт е дека на почетокот од 50 – те години на минатиот век, овој објект бил музеј. Потем барајки решение за дилемата за неговата сопственост помегу ИВЗ и МПЦ, истиот се запоставува. Примарните планови на штипскиот Завод Музеј е, на објектот да се врати стариот архитектонски сјај и функцијата Музеј .

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here