Се повеќе жени се одлучуваат за свој бизнис

0
60

Расте бројот на жени на Истокот кои отвораат сопствен бизнис. Ова го покажуваат истражувањата на терен во делот на состојбата со женското претприемништво :

„Се прават некои чекори во пекарската индустрија. Текстилната индустрија, веќе знаете дека потенцијалот овде е најголем. Се почнува и со тие т.н. ателјеа“, изјави Викторија Милановска, локален координатор.

Но, за да се зголеми бројот на жени претприемачки, освен самоиницијатива, неопходни се и обуки и доквалификации.

Една таква се одржа денес во Штип, во склоп на проектот „WE MAKE : Женско претприемништво за конкурентност“. Истата се однесуваше на СТЕМ и ИКТ, со поттикнување на користење за нови технологии :

„Многу често знаеме да кажеме дека знаеме да работиме со ворд, ексел итн, но недостасуваат некои алатки кои се многу потребни за развој на бизнисите“, рече Валентина Дисоска, координатор на проект за женско претприемништво.

Освен во Штип, вакви работолници се спроведуваат и во останатите плански региони.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here