Се повеќе ловџии од странство ловат на штипските ловишта

0
313

Ловџии од Италија, Франција и Германија викендов ќе дојдат во Штип. На ниските терени, ќе ловат прелетен дивеч, главно грлица, која за нив е најатрактивна во моментов.

Оваа група е само една од неколкуте која покажала интерес за лов на штипските терени. Од ловното здружение „Ловец“ тврдат дека во поглед на странските гости, оваа година е една од подобрите и ги задоволува нивните очекувања :

  • Ние како здружение сме задоволни од оваа година, имавме веќе странци од Италија, претежно за отстрел на грлици. Интересно е што во Македонија оваа година, само во нашиот регион ја има грлицата, така да имаме поголемо присуство на странци од вообичаено, изјави Николче Малинов, ЛЗ „Ловец“ – Штип.

Ловната сезона традиционално започна на 2-ри август и во моментов е дозволен лов на прелетен дивеч. Интересот засега е задоволителен, со оглед на тоа дека се издаваат меѓу 50 – 100 дозволи за лов:

  • Се лови прелетен дивеч – грлица, див голуб и препелица. Се лови претежно во месноста Врсаково, Судиќ и во атарот на Трогерци, дополни Малинов.

Во меѓувреме, штипските ловџии планираат и отстрел на лисици, кои неодамна се појавија на повеќе делови во Штип и околината.

Официјалната ловна сезона на крупен дивеч ќе започне на 1-ви октомври и на терените на Истокот ќе се лови дива свиња, волк и лисица и истата ќе трае четири месеци, односно до крајот на јануари.

https://www.youtube.com/watch?v=tP9UkXc7Sac&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here