Се повеќе фирми во регионот прогласуваат банкрот

0
99

 

Се повеќе фирми во регионот прогласуваат банкрот, односно отпочнуваат стечајна постапка.

Лани, процентот на фирми кои прогласиле стечај изнесувал 3,2 што е за 1,1 % повеќе од претходната година кога во стечај заминале 2,1 % од вкупниот број регистрирани фирми.

Тоа значи дека од вкупно 71.419 регистирани фирми во државата, лани клуч на врата ставиле 2.285.

Во регионот во 2017 година биле регисрирани 5.790 фирми, од нив до крајот на годината, стечај прогласиле 180.

Според економистите, основната причина за прогласување на стечат е недостиг на слободни парични средстав, односно нарушена ликвидност на фирмите:

  • Често се случва да се извлечат т.н. обратни средства и наместо да се инвестираат во производство се користат за приватни потреби или се инвестирата во материјални добра кои не се во функција на производството, истакна Глигор Ивановски, економист.

Секако, ова се однесува на внатрешната организираност на фирмата, но работите не секогаш зависат од менаџерите:

  • Најголем проблем е ако од купувачите не се успее да се наплати се. иако државата воведе одредени механизми за наплата како што се задолжница и Закон за финансиска дисциплина, но нема заштита на компаниите од несовесните купувачи, појасни Ивановски.

Од друга страна, затворањето на дел од компаниите им го отвора просторот за работа на оние кои остануваат, па Народна банка бележи подобра солвентност на фирмите.

Имено, лани процентот на фирми кои имале блокирани сметки изнесувал 27,2, додека во 2016 година тој процент бил 34,2 .

Пресметано во реални бројки, тоа значи дека лани под блокада работеле 19.400 фирми во државата, односно 1.570 во регионот. Во 2016  нивниот број бил 22.140 на државно и 1.800 на регионално ниво.

 

https://www.youtube.com/watch?v=CoDyS3gnHg4&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here