Се продлабочува скандалот во Агенцијата за Европски програми: Директорката Димова доделила и 125.000 евра за проект „Избери сирење“ на роднина на пратеник ?!

133

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со која раководи Лидија Димова, покрај 83.000 евра за дресура на магариња, на носителот на проектот кој е брат на пратеникот од редовите на СДСМ, Диме Велковски, му доделила и втор проект “Избери сирење”, во износ од 125.000 евра од Еразмус + програмата, обвини опозицијата.

Доделени 125.000 евра европски пари од проект „Избери сирење“ каде што треба да се едуцираат деца за сирење, пари што отишле повторно кај Диме Велковски. Неспорно е веќе дали се валидни или не апликациите околу магарињата и сирењето. Поставуваме дилема и прашање, како е можно, овие два проекта во вредност од над 200.000 евра, европски пари, Лидија Димова да ги додели токму кај братот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски, токму пред парламентарните избори? “ – порачуваат од опозицијата.

Од друга страна, и благајничката Ана Павлиду, којааботеше во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, ја обвинува директорката Димова дека ѝ вршела мобинг на работно место. Таа објави дека заради недостаток на пари во касата на агенцијата, Управниот одбор одбил да ја потпише завршната сметка а долгот се трупал две години и дека надворешно лице земало големи пари за што поседува и докази.

Деновиве имаше контроверзии околу проекти за кои се делеле високи суми на европски пари, по што Димова кажа дека нема да си поднесе оставка, и дека европските пари е може да бидат злоупотребени. Надлежните ги истражуваат случаите.