Се реконструира руинирано игралиште во штипската населба Леваци

0
129

Рунинираното игралиште во штипската населба Леваци, кое во лоша стотојба е околу две децении, прераснува во модерен простор за рекреација. Со 2,4 милиони денари, општина Штип го менува изгледот на овој простор :

  • Се предвидени поставување на ново игралиште за кошарка и терен за одбојка, замена на рефлекторите, ќе биде поставена нова ограда, нови клупи, најави Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Проектот и работите на терен ги изведува јавното претпријатие „Стипион“ :

  • Површината на игралиштето за кошарка е околу 400 метри кивадратни, а за одбојка е 280 м/2. Планираме изградбата да заврши за неколку дена, кажа Сашко Протогеров, дир. на ЈП „Стипион“ – Штип.

Работите на терен се веќе започнати, а поддршка околу активностите стигнува од повеќе страни :

  • Веќе се јавуваат граѓани и фирми кои сакаат да дадат поддршка на јавното претпријатие, да излезат во пресрет и со свои средства да донираат и да помогнат во изработката на овој терен, истакна Бочварски.

Реконструкцијата на игралиштето е дел од напорите на општината да се зголеми физичката активност на населението, особено на младите кои во ова време на информатичка технологија, време за спорт имаат се помалку.

https://www.youtube.com/watch?v=e-in4PJmi7o&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here