Се чистат патиштата до селата во Македонска Каменица

0
264

Се чистат селските патишта во Македонска Каменица. Се работи на целосно ставање во вункција на околу 160 километри земјени  патишта кои ги поврзуваат каменичките села кои се од разбиен тип:

  • Планираните активности во село Саса, до маало Ристовци, Сарафско маало, Аризанци, Мечкаре и Мршавелци, целосно се завршени. Прочистувањето на локалните патишта продолжува во село Цера, до маало Станчовци и маало  Стамболии. Изминатата недела комплетно е завршено со прочистување на селските пристапни патишта во селата Тодоровци, Костин Дол, Луковица и Косевица, како и во делот на Стара Каменица и Грчко маало, изјави Соња Стаменкова, градоначалник на о. М.Каменица.

Дополнително, оваа година на критичните ерозивни места се поставуваат одводни цевки, кои значително треба да го намалат оштетувањето на локалните земјени пристапни патишта во селските средини.

  • Заради специфичниот, пред се ридско-планински релјеф на општина Македонска Каменица и селски средини од разбиен тип, потребата од вакви интервентни активности на терен е постојана, кажа Стаменкова.

Чистењето на патиштата е активност која ја реализираа општината и јавното претпријатие Камена Река , а истата ќе продолжи и во наредниот период.

https://www.youtube.com/watch?v=Dhw0Oq9DgJc&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here