Се шири скандалот со бугарските пасоши: Македонците плаќале по 1000 а Косоварите по 5000 евра за мито !

0
138

Со кандидатите за бугарски пасоши работеле над 100 посредници кои помагале во собирање документи и адреси за регистрација. Македонците за бугарски пасош плаќале 1.000 евра, Косовците и до 5.000 евра, тврди сведок за БТВ.

Лице кое ги знаело шемите за БТВ зборува за Корупциската шема во Агенцијата за Бугари во странство, поради која беше уапсен шефот на Агенцијата за Бугари во странство и уште 19 лица.

Најлесен начин да се стане Бугарин било да се отвори фирма и да назначат 10 вработени, вели неиенуваниот извор за бТВ. Врз основа на оваа комерцијална активност, тој добивал статус на постојан престој.

За истрагата што се води во Бугарија, од македонската влада велат дека се комплетно подготвени и стојат на располагање во расветлувањето на случајот доколку за тоа постојат наоди што иницираат потреба за истрага.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here