Скопјанец со пластичен пиштол одзел 11.000 евра од канцеларија на „Брза пратка„

591

Судија на претходна постапка на разбојник од Скопје му одреди мерки на претпазливост откако тој од Основното јавно обвинителство е обвинет за кривично дело разбојништво.

Обвинетиот, тврдат од ОЈО, на 16 ноември лани влегол во просториите на фирмата „Брза пратка“ лоцирана на булевар „Јане Сандански“. Тој со пластичен пиштол и се заканил на вработена и од неа одзел 680.000 денари. На вработената и наредил парите да ги стави во неговиот ранец и да влезе во тоалетот, по што ја затворил вратата од тоалетот и избегал.