Скопје: Група ученици фрлиле ученичка од прозор на школо во општина Аеродром !

0
122

Четири малолетни ученици за време на малиот одмор ја фатиле за нозе нивната 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот што се наоѓал на приземје и ја фрлиле на земја. Девојчето се здобило со телесни повреди, а настанот кој се случил во основно училиште во населбата Аеродром, во полициска станица го пријавил нејзиниот родител. За жал ова е само едно од низата насилни сценарија во основните и средни училишта, кои покажуваат дека аларматни податоците за насилство меѓу врсниците.

„Во периодот од 10:30 до 11:00 часот во основно училиште во населбата Аеродром, за време на малиот одмор, четири малолетници ученици во училиштето фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓа на приземје и ја фрлиле на земја. Девојчето се здобило со телесни повреди, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Настанот се случил на 28 септември“ – се вели во официјалното соопштение за настанот.

Директорот на училиштето изјавиl дека една детска игра се претворила во немил настан и дека станува збор за примерни ученици. Четири деца добиле казнена педагошка мерка, намалено поведение, а целиот клас добил усна опомена.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here