Скопје: Жена починала во заглавен лифт, додека брзата помош интервенирала !

811

Жена на 67 годишна возраст починала во заглавен лифт, додека итната помош ја носела во болница. Полицијата информира дека за време на интервенција на брзата помош на улица “Ниола Парапунов” во Скопје, починала 68 годишната Л.Т.

Сето ова се случувало кога итната помош се обидувала да ја пренесе жената преку лифт кој се заглавил и пропаднал во подрумскиот дел од зградата.

Трагичната информација била пријавена во СВР Скопје од лекар во Итната помош.МВР изврши увид, а по наредба на Јавен обвинител врз телото ќе биде извршена обдукција, информираа македонските власти.