Скопје: Маж починал на клиника откако бил претепан на кејот на Вардар !

0
82

Скопјанецот С.М. (66) кој пред девет дена на Кејот во Скопје бил претепан од насилник, починал вчера на Клиниката за неврохирургија, при комплексот клиники Мајка Тереза, информира МВР. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција

Според полицијата, утрото на 3 август С.М. пријавил во полициска станица дека истиот ден околу 2 часот ,на улицата Кеј 13-ти Ноември, бил претепан од непознато лице кој му нанел модринка на окото и расекотина по лицето. По нападот, С.М. поради повредите на главата, бил задражан на Клиниката за неврохирургија.

Полицијата веднаш по насилството го пронашла и го уапсила насилникот А.Б. (43) од Скопје и против него поднела прекршочна пријава.

МВР информира дека по целосно документирање на настанот, против А.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here