Скопје: Пукал петарди на тераса, си го запалил станот !

774

Дежурни екипи на ТППЕ од Скопје, интервенирале во гаснењето на пожар во дуќан, тераса, штала….

Причинета е материјална штета, а само во еден случај има повредено лице кое најверојатно користело пиротехнички средства.

„Во 23:00 часот при дојава за пожар на ул. Крсте Мисирков позади 26 Јули Бит Пазар на тераса од употреба на Пиротехнички Ракети настанат е ПОЖАР во кој спасен е сопственикот кој беше во бесознание. Одма е повикана екипата на Брза Помош која го пренесе повредениот. БППЗ-Скопје укажува дека и покрај апелите за правилна употреба на пиротехника, тоа без упатство е опасно“, напишаа од Пожарна Скопје на својата фејсбук страница.