Словенија: Девојка и нејзиното момче си ги отсекле намерно рацете за да земат оштета -Добија затворски казни !

311

Словенката Јулија Адлешиќ (22) и нејзиното момче денес во Љубљана беа осудени на две и три години затвор, бидејќи, намерно си ја отсекла раката на себе и на своето момче поради пари од осигурување.

Дечкото на Јулија е осуден на три години затвор, а таа доби условна казна од две години, со услов да ја издржува казната во домашен притвор, објавија словенечките медиуми.

Со кружна пила му ја отсекла тупаницата на своето момче и на себеси на почетокот на минатата година. На судењето во Љубjана, таа тврдеше дека не направила ништо намерно.