СОНК бара преговори за Колективен договор

497

СОНК бара веднаш да почнат преговорите за Општиот колективен договор за јавниот сектор:

„ Заедничките прашања во јавниот сектор треба да се уредат или доуредат со Општиот колективен договор и да бидат опфатени сите вработени во јавниот сектор. Во спротивно, се прави огромна дискриминација од причина што буџетските средства по исти основ не се трошат подеднакво за сите буџетари“, стои во писмото на СОНК упатено до Министерството за труд и социјална политика.