Со близу 64.000 мртви, Бразил светски рекордер во убиства за една година !

0
72

Минатата година е најсмртоносната година во историјата на Бразил, каде се убиени рекордни 63. 880 луѓе.

Најголема причина за зголемениот број на убиства е организираниот криминал, стои во извештајот на Бразилскиот форум за јавна безбедност, независна организација која анализира национални статистики, поврзани со криминалот.

Најголемата држава во Јужна Америка е светски лидер по број на убиства, каде во просек се убиваат по 14 луѓе дневно што е за 20 отсто зголемување за разлика од минатите години. Според извештајот, над 1. 000 жени се убиени во криминални дела од омраза.

Тие додаваат дека има и се поголеми полициски операции против нарко-банди, кои контролираат многу од бразилските фавели.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here