Со месеци жителите на Косовска живеат во мрак , страв и ризик.

263

Веќе неколку месеци жителите на улицата Косовска во Штип живеат во мрак, страв и ризик од повреди и кражби. Немаат светло,а единствениот столб е ризично навален и нестабилен. Нивниот проблем во овој период велат дека кулминира, а решението незнаат каде да го најдат бидејки досега биле на многу места.
„И сега дали потребно е овој мал проблем да настане некој голем проблем ,да падне , да скапе некоја глава на некој и колку кражби се случуваат овде во овој дел ноќе ,тоа е што да ви кажувам ,темница“изјави Елизабета Павлова – граѓанин
Бидејќи од институциите никој не си ја завршил работата, жителите од Косовска улицата ја осветлуваат импровизирано.
„Намерно јас мојата сијалица надоле ја оставам свете за да може народот да си оди по степеничките овде , овде е само со видување онака не се опишува“изјави Душко Стојанов – граѓанин
Бидејки импровизацијата не е решение, од улицаат апелираат надлежните конечно да најдат решение.
„Ги замолувам надлежните што може побрзо да дојдат ,да го видат случајот, овде ни е многу темно, не можеме да излеземе, сијалица оставаме да свети, имам дете инвалидно не смее да се симне по степениците , мора сијалицата да свете ,многу е страшно овде, на вратата застанеме ,секаков народ мине одовде ,стра не е и затоа сијалицата мора да свети овде“изјави Олга Стојанова – граѓанин
Во врска со овој проблем а по реакција на ТВ Стар Стипион повторно испрати екипа која констатира.
Проблемот е евидентен но и покрај нашата цврста намера тој да биде решен ЈП Стипион констатира дека во случајов не е надлежен бидејки столбот е во сопственост на ЕВН-стои во реакцијата на ЈП Стипион.
ТВ Стар решение за прблемот на Косовска побара и од ЕВН од каде што од ЕВН за Тв Стар информираат дека ќе реагираат само во случај доколку добијат барање на граѓаните,за опасноста од ризичноста за склонопадност на спомнатиот столб. Инаку, ЕВН на своите столбови не поставува улично осветлување“, појаснија за ТВ Стар од ЕВН