Спас од затвор: Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за одземање на имунитетот на Груевски !

Координаторката на Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Елизабета Канческа-Милевска денеска кажа дека осумтемина пратеници нема да гласаат за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

0
162

Собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања треба да биде закажана деновиве и на неа треба да се расправа за пратеничкиот мандат на Груевски откако Кривичниот суд официјално го извести Собранието дека Груевски е осуден на правосилна казна затвор од две години.

Во пратеничката осумка се пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Елизабета Канческа-Милевска, Владанка Авировиќ, Зеќир Рамчиловиќ, Нола Исмајловска-Старова и Емилија Александрова.

Претходно, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Фактор магазин“ застана во одбрана на нивниот поранешен лидер, Никола Груевски кој треба да се јави в затвор на 8 ноември. Според Николоски, она што му се случува на Груевски е безобразно.

„Мислам дека ова што му се случува на Никола Груевски по однос на овој предмет е безобразно. Прекршени се сите правила. Човекот одговара за тоа што се возел во службено блиндирано возило. Нема таму ни криминал, ни корупција“, рече Николоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here