Србин патентирал лек кој за три пати ги зголемува шансите за оздравување од коронавирус !

213

Србин преку ноќ стана милионер, бидејќи патентираше лек кој три пати ги зголемува шансите за оздравување од коронавирус. Професорот Ратко Ѓукановиќ (65), еден од најдобрите светски експерти за астма и хронична опструктивна белодробна болест, заедно со двајца негови колеги од Универзитетот во Саутемптон, дојде до големо откритие во лекувањето на заразени со коронавирус.

Српскиот стручњак и професорите Стефан Хојгејт и Дона Дејвис откриле пред 20 години дека протеинот интерферон бета кој помага при настинки им недостасува на оние што страдаат од астма и хронични заболувања на белите дробови.

Нивната компанија ја развила неговата замена која им помага на пациентите со вирусни заболувања, пишува „Гардијан“.Примерок од 101 пациент открил дека шансите за развој на тешка форма на болеста се намалени за 79 проценти, додека чувството за губење на здивот исто така е драстично намалено.Во светот повеќе земји работат на пронаоѓање и тестирање на вакцина за коронавирусот.