Српската влада ги повика граѓаните да се вратат дома бидејќи од петок следат нови построги мерки !

229

Српските власти ги повикаа своите граѓани да се вратат од земјите во регионот до петок. Српскиот Кризен штаб донесе одлука сите граѓани на Србија, кои престојуваат во Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина, да се вратат до петок до 18 часот.

„Апелираме до сите граѓани да се вратат во својата земја до крајот на оваа недела, бидејќи после тоа ќе имаме поинаков режим за секој што ќе влезе во нашата земја“, рече д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Наведуваат дека она што е многу важно е дека сите земји во регионот се забележува зголемување на бројот на новозаразени. После  петок Србија ќе воведе надзор за сите патници кои влегуваат во земјата од ризичните држави, прецизирајќи дека надзорот ќе трае 10 дена.

Новите препораки на сите водечки здравствени организации се однесуваат за 10-дневен карантин по враќањето од земја во која епидемиолошката состојба е неповолна.