Стартуваа пингпонгарските лиги. Кочани со амбиции да стане суперлигаш

0
51

Стартуваа првата македонска пинпонгарска лига, како и Суперлигата. Во првата лига настапува пингпонгарскиот клуб Кочани, кој имаше одличен старт со две победи, првата над Пошта со 4:0, а втората над Пелистер со идентичен резултат, што претставува најуспешен резултат од првите две блок кола кај прволигашите.

Штипскиот претставник во Суперлигата, пак, Шампиони ФА, заработи два порази, првиот од Работнички со 4:3, а вториот од Младост со 4:1. Вториот штипски претставник во Суперлигата, УГД, славеше над Мултитекс со 4:1, а беше поразен од Вардар со 4:0.

Следното коло од двете лиги се игра викендов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here