Статистички, Македонците во просек работат по 32 години

0
75

Статистички, Македонците во просек работат по 32 години. Ова се пресметките на Евростат за просечниот работен век на работниците во Европа.

Индикаторот за должината на работниот век, според Еуростат, покажува колку едно лице кое е во моментов 15-годишно, ќе биде активно на пазарот на труд за време на неговиот живот.

Ова го велат статистиките и прогнозите, но во пракса, некои од работниците не можат да дојдат ни до минималните 15 години стаж за пензија, а други не можат да дојдат до пензија и со 40 и кусур изработени години:

„Јас имам 46 години стаж, а не можам да заминам во пензија заради годините“, кажа жител на о. Штип.

Од друга страна, стопанствениците неодамна излегоа со барање за продолжување на работниот век за уште една година:

„Минимално зголемување на старосната граница за пензионирање. Ова тотално сме сигурни дека Синдикатите нема да се сложат и дека ќе биде не многу прифатливо за нив. Од друга страна, ние како работодавачи воопшто не размислуваме дека ќе биде позитивно и квалитетно да се зголеми процентот на социјалните придонеси“, вели претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков.

Под претпоставка ако некој се вработи веднаш по завршување на средно, тоа значи дека до пензија треба да работи 44 години жени, односно 46 мажи, под претпоставка да нема покачување на старосната граница.

Инаку, според Еуростат просечниот работен век Грција,  Бугарија и Романија изнесува 33 години. Најкус просечен работен век има во Турција 29 години, а најдолг во Исланд 47 години.

Во земјите членки на Европската унија, пак, просечниот работен век е 36 години и тоа од 32 години во Италија до 42 во Шведска.

https://youtu.be/kgyDzXPvEDQ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here