Стечајците да ги подготват документите. Од петок, ново пријавување за надоместок

375

Стечајците да ги подготват документите. Од петок, ново пријавување за надоместок:
„ Законот стапува на сила со објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија и ги повикуваме стечајните работници од петок да поднесуваат барања во Центрите за вработување за да може да го остварат правото на користење на месечен надометок од околу 8.000 денари“, наведоа од владината прес-служба.
Ова е нова надеж за најмалку 200 стечајни работници од источниот дел на државата:
„Според новиот Закон право на надомест имаат невработените на кои работниот однос им престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок; имаат најмалку 15 години стаж во државно претпријатие; имаат наполнето најмалку 52 години за жени, односно 55 за мажи и работниот однос им престанал во периодот од 1 јануари 1993 година до 30 јуни 2019 година“, појасни Кемаледин Арсланов, прет. на Унит – Штип.
Со последните , трети по ред измени во Законот за стечајни работници, ќе останат само мал дел стечајци кои нема да бидат згрижени, оние кои немаат 15 години работен стаж или не исполнуваат некој друг од потребните критериуми.
Стечајните работници со години наназад протестираа во Скопје и во внатрешноста со барање да им се реши статусот.