Стотина медицински работници во Бугарија си дале оставка, откако дознале дека во нивната болница ќе се носат пациенти со Корона вирус !

701

Медицинските работници рекоа дека не им е обезбедена заштитна опрема и опрема за да обезбедат соодветна грижа, само неколку дена откако бугарскиот парламент воведе вонредна состојба во земјата. Д-р Камелија Бачовска од Втората градска болница во Софија, изјави за „Ал Џазира“ дека таа заедно со уште 84 други колеги поднеле оставки откако биле известени дека нивната болница ќе биде пренасочена за да земе пациенти со КОРОНА ВИРУС.

„Болницата нема доволно заштитни средства и не е само нашата болница. Останатите, исто така, немаат. Тоа е, скоро секој лекар во Бугарија е во ризик да се разболи заради ова, особено меѓу нас, постарите лекари, кои спаѓаат во категоријата високо ризични “, рече таа.

Д-р Бачовска објасни дека болницата ги нема потребните санитарни средства и опрема за да се сузбие оваа високо заразна болест.

Таа, исто така, рече дека поголемиот дел од лекарите и медицинските сестри во здравствената установа се близу до возраста за пензија или веќе работат додека се пензионираат и стравуваат дека лекуваат пациенти без соодветно да се заштитат.