Суарез не оди во Торино, останува во Шпанија ? Наместо во Јувентус, можно е да замине во Атлетико Мадрид !

41

Луис Суарез секако е прекуброен во тимот на Барселона откако новиот тренер Роналд Куман процени дека и тој е еден од играчите со кои ќе започне револуцијата во составот, па во период кога сериозно се шпекулира за негов трансфер во Јувентус, оваа вечер од Шпанија пристигна една сензационална вест.

„Депортес Куатро“ пренесува дека Суарез го стопирал најавениот премин во Торино, откако добил повик од човек со кого и тоа како сака да соработува во случај кога мора да си замине од Барселона.

Споменатиот медиум тврди дека Диего Симеоне го повикал Суарез за трансфер во неговиот Атлетико Мадрид, а позитивна вест за него е тоа што Уругваецот претпочита да остане во Шпанија и да не ја менува премногу средината, бидејќи така ќе им биде полесно и на неговите деца.