Судски вештак побарал 2.000 евра од штипски газда за да стави потпис на документ

0
545

Судски вештак од Скопје, побарал 2.000 евра од штипски газда за да стави потпис на документ, односно за да верификува економско финансиско вештачење. Со ова, вештакот го прекршил членот 357 став 6 од Кривичниот законик и сторил кривично дело поткуп:

„Пријавениот, во својство вешто лице ангажиран од Бирото за судски вештачења при Министерството за правда, во текот на јули 2018 во неколку наврати побарал парични средства во износ од 2000 евра од сопственик на винарска визба од Штип за да стави потпис на економско финансиски вештачења по предмет кој се водел во Основниот суд Штип против правното лице“, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

За два дена ова е втор случај службено лице да бара поткуп. Претходно за истото дело беше приведен и надзорник од штипскиот затвор. Акцијата за негово откривање, полицијата ја водеше во соработка и координација со казнено поправниот дом од Штип:

„ Имено, пријавениот вработен како службено лице надзорник во Казнено поправен дом Штип во текот на месец септември годинава од осудено лице побарал парични средства во износ од 150 евра за да внесе приватен мобилен телефон на осуденото лице иако од страна на директорот на Казнено поправниот дом Штип имало Наредба со која строго се забранува внесување и користење на мобилни телефони од страна на осудени лица“, кажа Панајотова.

Надзорникот од Штипскиот затвор е во 30 дневен притвор, а насудскиот вештак му е одредено исто толку време притвор но домашен.

https://www.youtube.com/watch?v=q_Tjn8Ipy5s&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here