Суперот поефтин за денар а дизелот за 1,5 денар !

32

Малопродажната цена на горивата од синоќа повторно е намалена, одлучи РКЕ. Комисијата во согласност со нивната методологија за одредување на цените на нафтените деривати, одлучи да ја намали цената во просек за 2,93 проценти, во споредба со минатата недела.

Според новата одлука, цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се намали за еден денар по литар гориво. Од друга страна, цената за Еуродизел се намалува за 1,50 денар. Во согласност со тоа, Еуросупер БС-95 ќе се точи за 58,50 денари од литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 60,50 денари, додека пак Еуродизелот ќе се продава за 49 денари по литар наточено гориво.