Тетово: Ловџија чекал во заседа, се ранил самиот во стапалото !

0
83

Ловџија завршил со рани во десното стапало откако пушката што ја носел испукала неконтролирано. Според СВР Тетово, во атарот на село Сретково, додека бил во ловна заседа, Д.Н. (39) се саморанил во десното стапало со ловечка пушка. Начинот и околностите засега не се утврдени.

Половина час подоцна повредениот Д.Н. бил донесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ и по укажаната лекарска помош бил пренесен на скопските клиники. По извршениот увид се работи на расчистување на случајот.

Од СВР Тетово упатуваат апел на почетокот ловната сезона, која во наредните месеци значително ќе се интензивира, особено за викендите и празниците, за поголема внимателност и почитување на законските одредби.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here