Тешка сообраќајна несреќа во Штип. 15-годишник прегазен на пешачки пред училиште. Животот му е во неизвесност

0
2120

Тешка сообраќајна несреќа во Штип. 15-годишник прегазен на пешачки пред училиштето „Коле Нехтенин“. Во момчето, додека тргнало да купи појадок за време на големиот одмор, директно со голема брзина удрил автомобил.

Според очевидци на настанот, во мометот кога поголема група на деца ја минувале улицата, на коловозот имало два автомобила . Едниот застанал, но не и другиот кој возел паралелно со него:

„ Утринава околу 9:10 часот на пешачки премин во близина на СОУ „Коле Нехтенин“ , 68-годишен возач од Кочани, управувајчи возило марка „фолксваген поло“,удрил во 15-годишен  пешак. Во незгодата, пешакот се здобил со повреди и е пренесен во Клиничката болница“, изјави  Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Момчето со сериозни повреди на главата, но и на мозокот , итно е префрлено на Наврохирургија во Скопје и неговата состојба се оценува како искучително тешка.

Местото на несреќата  е една од црните сообраќајни точки  на Штип, во кои најчести жртви се учениците од блиското училиште:

„Ова е многу ризично место. Овде треба постојано д аима полиција или барем во оние периоди кога децата излегуваат од училиштето“, смета очевидец.

Истрагата за денешниот настан е во тек, по што ќе се знаат и точните околности за настанување на несреќата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here